(ВИДЕО) Сугарески: Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ се одговорни за катастрофалните последици од поплавите

Од:

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат и да одговорат на прашањата на пратениците на надзорната расправа за поплавите што ги зафатија Скопје и околината, побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

Како што кажа тој, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во петокот ја блокирале расправата цел ден за обвинетиот Никола Груевски и неговите кадри да избегаат од соочување со јавноста за поплавите.

– Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во институциите се одговорни за катастрофалните последици од поплавите кои однесоа најмалку 23 човечки жртви. Бебиња настрадаа, рече Сугаревски.

Тој потсети и на огромните материјални штети и последиците од поплавите, и кажа дека дел од семејствата го немаат добиено ниту авансот од 500 евра што го вети државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он