Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ на денешната работна средба разговарале за актуелните состојби меѓу двете земји.
Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на средбата акцент бил ставен на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина.
Министерот Сугарески ја запознал амбасадорката Бабиќ со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава, како и со реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период а кои се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.
– На средбата разговаравме за актуелните прашања поврзани со двете земји, Босна и Херцеговина е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, изјавил министерот Сугарески.
Двајцата соговорници се согласиле на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на подигнување на економските односи на повисоко ниво.