Судскиот совет разреши судија поради нестручно и несовесно работење

Од:

Судскиот совет на денешната седница, која беше затворена за јавноста, донесе решение со кое разреши судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Неофицијално, станува збор за охридскиот судија Ристо Сиљаноски, кој правосилно е осуден за примање мито.

Советот ја одложи расправата по барањето на поранешниот апелационен судија Јордан Митриновски за повторување на постапката за разрешување кога Судот во Стразбур констатира повреди во постапката поради гласањето на Јово Вангеловски, кој ја иницирал постапката и гласал во Советот.

На денешната седница не присуствуваше Јово Вангеловски, кој и сега е претседател на Врховниот суд, а со тоа и член на Судскиот совет. Советот не соопшти од кои причини е одложено одлучувањето. Советот донел решение за запирање на постапката поведена по поднесено барање за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција за друг судија.

На седницата било донесено решение за престанок на судиската функција на Оливера Китанова-Мицевска, судија на Врховниот суд, која почина минатата недела. Било донесено и решение за престанок на судиска функција на Борис Чамовски, судија на Основниот суд Струмица, поради исполнување услови за старосна пензија.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава