ВИДЕО: Судскиот совет расправа дали да почне постапка за разрешување пет судии

Од:

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по завршувањето на првиот дел, кој беше отворен за јавност, изјави дека во јавноста се прошириле лажни вести за разрешување 100 судии. Пред новинарите рече дека почнале да му се јавуваат судии и претседатели на судови за да проверат дали е точно дека ќе бидат разрешувани толкав број судии. „Голем број судии, претседатели на судови, овие денови ми се јавуваат дали навистина ќе има разрешување на над 100 судии “, рече Караџовски. Тој изјави дека треба да се прави разлика меѓу претставка и барање за разрешување.

Потврди дека до овој момент до нив стигнале 217 претставки и поплаки од граѓани. „До овој момент во Судскиот совет има 217 претставки и поплаки доставени од граѓани и правни лица за работата на судии и претседатели на судови, но во оваа бројка е и бројот на претставки и поплаки што ги добивме, односно се вратени да се работат кај нас, а незавршени или незапочнати од укинатиот Совет за утврдување факти и одговорност на судии“, изјави првиот човек на Судскиот совет. Денеска ќе одлучуваат кој ќе го замени Советот за факти во Советот кој треба да го образложи барањето. Комисија избрана од 3 члена со ждрепка ќе решава за барањето и треба да достави извештај на седница.

Караџовски рече дека извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотребите со електронскиот систем за распределба на предмети, познат како АКМИС, е во фаза на добивање безбедносни сертификати. Само 6 члена имаат безбедносен сертификат со кој може да направат увид во извештајот. Претседателот на Советот рече дека не знае зошто извештајот е од доверлив карактер. „Ништо помпезно, ништо страшно не е тоа, како што се јавува во медиумите“, вели Караџовски. Тој не одговори како ја коментира предистрагата на Обвинителството за извештајот на работната група за АКМИС-от.

В. М.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски