Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

Од:

Судскиот совет на денешната седница одлучи парично да се казнат еден претседател на основен суд и еден судија во основен суд. Претседателот на судот не презел обврски предвидени со Законот за управување со движење на предметите во судовите и Судскиот деловник. Судскиот освет оцени дека претседателот на судот сторил повреда со нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција според Законот за судови и одлучи да биде казнет со 30 отсто од платата во трање од шест месеци.

Во врска со судијата од основен суд се утврди дека не постапувал по предмети во одделот за извршување санкции, а со тоа постапил спротивно на законските одредби, односно нестручно и несовесно ја извршувал судиската функција според Законот за судовите и е парично казнет со 15 отсто од платата во траење од шест месеци.

Воедно, на денешната седница Судскиот совет одлучи да запрат две постапки за утврдување одговорност кај два совета на Врховниот суд составени од по петмина судии. Советот одлучи дека не постои нестручно и несовесно постапување од страна на врховните судии. Исто така, постапката беше запрена и за еден судија од основен суд.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава