А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Теофиловски, но го одби барањето за притвор

by А1он31/12/2019 - 17:5401/01/2020 - 12:43820
Share0

„Судскиот совет донесе Решение со кое го одзеде имунитет на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка, и донесе Решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Добивај вести на вибер

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Теофиловски е осомничен дека кон крајот на месец август 2011 година како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.

Со стореното кривично дело осомничените се гонат поради нанесена штета на буџетот од речиси 860 илјади евра.

Зоран Теофиловски, како актуелен член на Судскиот совет, утринава самоволно се појавил пред Судот, но се повикал на судскиот имунитет, по што беше свикана итна седница на советот за да се одлучи по ова прашање.

sudski sovetteofilovski

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 14:24

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 13:43

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он28/01/2026 - 15:45

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он20/01/2026 - 16:55

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен