Судскиот совет ќе расправа дали да поведе постапка за разрешување судија

Од:

Судскиот совет на седницата закажана за денеска ќе расправа, меѓу другото, за поведување постапка за утврдување одговорност за судија. На седницата треба да бидат определени подносители за барањата за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија.

Станува збор за иницијативи што се однесуваат до стапувањето во сила на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за Судскиот совет, изгласани лани. Според објавата на веб-страницата на Советот, за овие точки јавноста ќе биде исклучена.

Со измените на Законот за судскиот совет, (член 33, став 3, 4 и 5), кои беа донесени во декември 2017 година, во случај кога Советот одлучил за исклучување на јавноста од седницата, претседателот на Советот е должен да извести за причините за нејзиното исклучување и во случај ако на таа седница донесува одлука со гласање, гласањето за одлуката е јавно. Останува да се види дали претседателот на Советот, Зоран Караџоски, ќе ѝ објасни на јавноста зошто одлуките за овие точки ќе бидат образложувани на нејавна седница. Во членот 33 од Законот за судскиот совет пишува дека јавноста може да биде исклучена заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судија. За ова Советот одлучува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот со право на глас.

Советот за факти до Судскиот совет поднесе иницијативи за разрешување на врховните судии Јово Вангеловски, Џемали Саити, Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски и Фаик Арслани за кои побара да бидат разрешени од функциите. Тие како кривичен совет го ослободија од притвор бизнисменот Сеад Кочан, кој е обвинет во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Горан Наумовски

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет: Не го користете судството за дневно политичка кампања

Судски совет нема да постапува за време на изборите

Судски совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го чека новиот закон

Катерина Ѓуровски