Судскиот совет „ги преспа“ злоупотребите на АКМИС системот и „Сваровски“ судиите

Од:

Судскиот совет е нем за обвинувањата дека не презел никакви дејствија за утврдување неправилности, иако уште кон крајот на 2017-та година независна работна група доставила извештај за злоупотреба на АКМИС системот.

Овој орган не ја заштитил независноста на судството и покрај тоа што СЈО во нивниот извештај јавно со име и презиме посочи судии кои ја извршувале функцијата без морален интегритет.

За тоа дека предмети се делеле според нечија желба и наредба искази пред обвинителството дадоа претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, експретседатeлите на Врховен и Кривичен, Бајлозова и Рибарев и Панчевски во својство на обвинет.

Обвинителството се уште чека одговор од Судскиот совет за тоа дали го разгледале на седница и каков заклучок донеле за извештајот на Комисијата за правда, која откри многу нерегуларности во делењето на судските предмети и со распоредите на судиите.

Специјалното обвинителство, во извештајот за работа наведе дека дел од судиите носеле одлуки по директен политички диктат на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку „бомбите“ и СМС пораките СЈО утврдило дека судиите Јово Вангеловски, Светлана Костова, Софија Лаличиќ и поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска покажале дека тие биле на „жешка линија“ со високи претставници на претходната власт.

Зафировска е се уште член на Советот, кој треба да одлучува дали посочените не се достојни за вршење на судската функција.

Дополнително, Вангеловски, по функција како претседател на Врховниот суд, земал месечен паушал од 10.000 денари за членство во Управниот одбор на Академијата за судии и обвинител. Вангеловски не реагирал и не побарал да не го добива овој паушал, бидејќи е незаконски и според закон кој не важи.

Некои од членовите не сакаат да се замерат со никого, бидејќи наскоро им завршува 6 годишниот мандат.

На Мери Дика Георгиевска, Мирјанка Гоцевска Стефановска функцијата им завршува во декември. Исто и на Александра Зафировска. Таа во Судскиот совет е избрана пред 12 години, а во два мандати била и претседател на Советот.

Наредната година, 6-годишниот мандат го завршуваат и Селим Адеми Виолета Богојеска, а и челната позиција во Советот на Зоран Караџовски.

Судскиот совет на Караџовски да ги „преспива“ сите укажувања и критики и до сега отворено нема разговарано на седница за овој срам за македонското судство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

Александар Тодески

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов