Судскиот совет чека дозвола од антикорупционерите дали да ги одлага постапките за разрешување на судиите

Од:

Дали ќе се одложат постапките за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција за неколкумина судии ќе зависи од мислењето на антикорупциската комисија до каде Судскиот совет на последната седница испратил барање за мислење, потврдуваат од таму за „А1он“.

Причината е одржувањето на претсотјните претседателски избори во државата закажани за 21 април.

„На 297 седница одржана на ден 13.02.2019 година, Советот заклучи дека треба да се побара мислење од Државната комисија за спречување на корупција и до добивање на мислењето сите постапки за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд да се одлагаат од страна на комисиите. Откако ќе се добие мислењето, Советот ќе одлучи како понатаму ќе постапува по предметите за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд“, пишува во одговорот на Судскиот совет до „А1он“.

Неофицијално дознаваме дека поради неколку неуредни достави на поканите и поради обврски, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој е еден од судиите за кого се води постапката за разрешување, не дал исказ пред комисиите кои утврдуваат нестручно и несовесно постапување. Вангеловски е член на Судскиот совет, но многу ретко се појавува на седниците.

Според нашите сознанија, едната од комисиите која треба да утврдува дали судиите постапувале нестручно и несовесно е со променет состав поради новите членови кои беа избрани во Судскиот совет.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Горан Наумовски

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет: Не го користете судството за дневно политичка кампања

Судски совет нема да постапува за време на изборите

Судски совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

13 кандидати за претседател на ДКСК