Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Од:

Мониторинг на судскиот предмет за масовното прислушкување „Таргет-Тврдина“ правеше коалицијата „Сите за правично судење“. Извршниот директор Дарко Аврамовски, посочи дека предметот многу долго се одлучувал пред Апелација. Одлуката да се укине пресудата и да се врати на ново судење и според него значи веројатно застарување на истиот.

„Предметот беше издвоен како таков поради неговото невообичаено долго траење во постапката во втор степен, односно речиси две години беше пред Апелација. Оттаму сметавме дека беше да се истакне како таков предмет, да се прикаже динамиката на истиот. Особено сега, со ваквата одлука на Апелација и враќањето на предметот, можеме да очекуваме дека ќе има една многу долга постапка, бидејќи има ризик од настапување на застареност истиот е многу веројатно и да застари“, вели Аврамовски.
Предметот во Апелација стоел од ноември минатата година. Во јануари е закажана седница дури за во март. Одлуката е донесена дури во декември.
доказен материјал.

„Одлуката по предметот е донесена на нејавен дел од седница, на ден 05.12.2022 година, кога е составен и потпишан записник за советување, а со оглед дека спрема дел од обвинетите биле определени мерки за обезбедување присуство, советот на Апелациониот суд Скопје во смисла на член 436 став 5 од ЗКП, одлучи и по однос на мерката притвор односно куќен притвор спрема дел од обвинетите. По изготвувањето и верифицирањето на решенијата за мерката притвор односно куќен притвор, истите се доставени до првостепениот суд на понатамошно постапување и истиот ден е издадено соопштение за јавноста за донесената одлука“, велат од Апелација.

Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и за Никола Бошкоски. На сите обвинети делата им застаруваат во 2025 година, односно за нешто повеќе од две години.

Застарувањето на делата за Мијалков и останатите обвинети за прислушкувањето, значи дека државата ќе треба да плаќа оштета на сите незаконски прислушкувани. Ова е трето по ред прислушкување, кое е на пат да остане неказнето.

Би можело да ве интересира

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Двојно зголемени посебните истражни мерки, најмногу се користеле прислушкување и тајно следење на лица

Орце Костов

Петрушевски: Дали еден мобилен оператор подлегнал на притисокот на ОТА и Ковачевски и дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување