Судскиот курир уште еднаш вечерва ќе се обиде да му го врачи решението на Груевски

Од:

Kурир од Кривичниот суд, попладнево два пати се обидел во домот на екс премиерот Никола Груевски да му го врачи решението со кое тој треба да се јави на извршување на двегодишната затворска казна. Курирот од домашните бил известен дека Груевски не е дома.

Како што дознаваме, курирот вечерва ќе се обиде уште еднаш на Груевски да му го врачи решението. Најверојатно за време на викендот, бидејќи не се работни денови, ќе се чека понеделник за нов обид, најверојатно на рочиште за предметот „Титаник“.

Доколку се заклучи дека осуденото лице не е достапно, ќе се направи обид за стражарно приведување или ќе се распише потерница по него.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Полицијата го чува Саркози во затвор