Судски совет разреши судијка од Велес и застана зад Беса Адеми против која имаше постапка за одговорност

Од:

Судскиот совет ја разреши Наташа Мишева, судијка од Велес. Оваа одлука е донесена на денешната седница. Постапка за утврдување одговорност има и за судиите Наќе Георгиев од Врховен суд и Светлана Јованова.

Комисиите кои ги разгледуваат предметите за овие двајца судии ќе треба да предложат на Судскиот совет дали постапката за одговорност да се запре или да се утврди одговорност, а на крај членовите ќе ја донесат конечната одлука.

Пред Судскиот совет се најде и постапка за утврдување на одговорност кај Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд во Скопје. Постапката е запрена. Сметаат дека подносителот не е во право со барањето Адеми да биде разрешена поради дисциплинска повреда.

Во случајот на велешката судијка, мнозинството членови беа за разрешување.

„Судијката е разрешена според член 76 став 1 точка 7 од Законот за судовите“, велат од Судскиот совет за „А1он“.

Според членот на законот, станува збор за потешка дисциплинска повреда која ја сторила судијката. Детали не се откриваат. Мишева е избрана за судијка во 2011 година, суди граѓански предмети.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он