Судски совет го разреши Владимир Панчевски

Од:

Судскиот совет на денешната седница го разреши експретседателот на скопска единица, Владимир Панчевски, кој беше суспендиран поради истрагата и обвинението за злоупотребите со АКМИС-системот, дознава „А1он“.  За ваквата одлука на нејавна седница гласале 9 члена, само еден бил против.

Панчевски по добивањето на одлуката има право на жалба, која треба да ја разгледува комисија и да одлучува за неа.

Пред повеќе од три месеци Судскиот совет го разреши Јово Вангеловки, но одлуката по негова жалба се` уште не е правосилна и се очекува деветчлена комисија да одлучува за неа.

„А1он“ дознава дека готови се извештаите за разрешувње уште за четворица судии, но ќе се разгледуваат на една од следните седници на Судскиот совет, најверојатно на седницата в понеделник.

На денешната седница на  беа беа избрани претседатели на основните судови во Струга и Кавадарци, Ифет Бајрамовски и Лазар Нанев, а беше одложена точката за избор на шест апелациски судии, од огласот објавен во февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Горан Наумовски

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет: Не го користете судството за дневно политичка кампања

Судски совет нема да постапува за време на изборите

Судски совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го чека новиот закон

Катерина Ѓуровски