Судски совет ги усвои правилниците за додатоци на плата за своите членови, судиите и судските службеници

Од:

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ги усвои правилниците за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за членовите на Судскиот совет, на судиите, како и на судските службеници. Судскиот совет правилниците ќе ги достави на одобрување до Министерството за финансии.

-Никој да нема претензии дека судиите и судските службеници секој месец откако ќе стигне согласноста од министерот за финансии ќе добиваат додатоци на плата до 35 отсто. За тоа нема пари. Можеби нема да остане ниту еден денар и нема воопшто да биде исплатен додаток, иако тоа стои како право. Се зависи од искористеноста и законската можност да пренамениме определени слободни средства за оваа намена, бидејќи не се обезбедени од страна на Министерството за финансии преку буџетот, рече претседателот на Судскиот совет, кој е и претседател на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски одговарајќи на новинастко прашање по денешната седница.

Тој додаде дека доколку не се обезбедат тие средства би предложил да се избришат ваквите додатоци и да не постојат како законско право.

-Се уште нема формално-правна можност за исплата на такви додатоци за оваа година. За јануари нема ниту за судиите, ниту за судските службеници сé додека не добиеме согласноста на правилниците од Министерството за финансии, рече Караџовски.

Во барањата за буџетот за 2020 година, посочи тој, како што ќе се бараат средства за додатоци на платите за судиите ќе се бараат и за судските службеници. Меѓутоа, како што рече, досега иако три години постои Законот не се одобруваат средства од страна на извршната власт.

Вкупно 207 вработени во судската служба и судската полиција од скопскиот Кривичен суд до Судскиот совет испратиле барање за исплата на додаток на плата од 35 отсто до крајот на јануари, во спротивно, како што најавиле, ќе стапат во штрајк.

Како што рече Караџовски, невозможно е за два дена да бидат исплатени додатоците за плата, бидејќи правилниците, иако се усвоени од СС, треба да добијат согласност од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет со завршни проекции за буџетот: Планирани нови вработувања и ревизија на сите судови

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Коментарите ви се неаргументирани и паушални – судиите му одговорија на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Горан Наумовски

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски