Судски совет бара претседателите на судовите да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети

Од:

Судски совет на Република Северна Македонија во допис до претседателите на судовите бара од нив во рок од една недела да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети и застарени случаи.

Во соопштението потпишано од претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, се наведува дека интерес на враќање на довербата на граѓаните во судската власт, согласно одредбите од членот 36 од Законот за Судскиот совет, Судскиот совет бара известување од Претседателите на судовите:

– за бројот на стари нерешени предмети по години, видови и судии

– застарени кривични предмети со образложени причини за застарување и

– какви мерки се преземени од претседателот на судот за решавање на старите предмети согласно програмата и акцискиот план за спроведување на програмата

Погоре наведениет податоци, се вели во соопштението, до Судскиот совет треба да се достави до 27 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он