Судската полиција најде солзавец кај роднина на обвинет за крвавиот четврток

Од:

На продолжението на судењето за крвавиот четврток, кое почна во 20 часот и 15 минути, судијката Добрила Кацарска ги извести присутните дека кај лицето Моника Спасовска, роднина на обвинет за крвавиот четврток судската полиција пронашла солзавец.

Судијката рече дека поради тоа, на Спасовска ќе ѝ биде забрането да присуствува на сите идни рочишта.

„Тоа лице не смее да се појави повеќе на судењата“, рече судијката Добрила Кацарска.

Потоа во судот исказ почна да дава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно, приближно 2 часа сведочеше премиерот Зоран Заев.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски