Судскиот во Пула се откажа од процесот против Љубе Бошкоски за „Раштански лозја“, на неодредено време и повеќе нема да одредува датуми и да испраќа покани до екс министерот.
Судот предметот ќе го држи замрзнат се додека Бошкоски е во затворот Идризово каде што му остануваат уште три години за предметот „Кампања“. Освен овој предмет за кој е осуден, има и обвинение за преметот со убиството на Марјан Тушевски, иако според досегашниот тек, нема докази за инволвираност на Бошкоски. Адвокатот Рајко Бранковиќ кој го брани Бошкоски во Пула за ТВ Алфа потврди дека:
„Судот во Пула по неуспешниот обид да го започне судењето во октомври, не закажува нов датум. Сметам дека така и ќе остане затоа што Бошкоски е во затвор и на судот му е јасно дека нема услови за старт на процесот“.
Претходно судот во Пула испушти два обида да почне со судењето затоа што Бошкоски не можеше да се појави во судница. За второто, пред неколку месеци имаше испратено и покани до сведоците кои подоцна беа писмено известени дека судењето се одложува на неодредено со назнака дека нема датуми за нов обид за старт на процесот.
Овој предмет остана активен во Пула иако сите останатите обвинети овде одамна добија ослободителни пресуди. Властите во Хрватска велеа дека се немоќни доколку Македонија не го побара предметот назад, каде би важела истата ослободителна одлука и за Бошкоски.