Судот одлучи: Нема затворски притвор за осомничените за местење тендер од 1,6 милиони евра во РЕК Битола

Од:

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор.

„Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор“, извести ОЈО.

Имено денеска Финансиската полиција го уапси Борче Марковски, сопственик на компанијата „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола и почесен конзул на Белорусија во Македонија.

Во рамки на акцијата, приведени се и неколку поранешни директори од енергетскиот комбинат РЕК Битола.

Според првичните информации, Марковски и неговата компанија се поврзуваат со сомнителни договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. „Марковски Компани“ во изминатите години добила повеќе тендери од овој комбинат, вредни неколку милиони евра.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Полицијата уапси двајца мажи за предизвикување пожари на отворено