Уапсен сопственикот на Марковски Компани, oсомничен e за местење тендер од 1,6 милиони евра

Од:

Финансиската полиција го уапси Борче Марковски, сопственик на компанијата „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола и почесен конзул на Белорусија во Македонија.

Во рамки на акцијата, приведени се и неколку поранешни директори од енергетскиот комбинат РЕК Битола.

Според првичните информации, Марковски и неговата компанија се поврзуваат со сомнителни договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. „Марковски Компани“ во изминатите години добила повеќе тендери од овој комбинат, вредни неколку милиони евра.

Неофицијално, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер во вредност од околу 100 милиони денари, односно околу 1,6 милиони евра, со што наводно бил оштетен државниот буџет.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални информации за случајот, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски

Катерина Ѓуровски

Со понудени куќи, булдожери и парична гаранција Борче Марковски излезе од притвор

А1он

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Скандал во РЕК Битола: Обвинети се директори и раководители за злоупотреби со јавни набавки

Финансиска полиција: Двајца златари го оштетиле државниот буџет за 64.9 милиони денари

Уапсен благајникот на прилепската болница за проневара на 250 илјади евра