Судот ниту со гаранција во имот не го пушта Зеќири од притвор, доби нови 30 дена

Од:

Ексгенералниот секретар Мухамед Зеќири останува во притвор кој го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка. Ова е одлуката на Кривичен суд, по истекот на првиот месец откако му е одредена мерката за обезбедување на присуство. Определени се нови 30 денови. Адвокатот Александар Трајковски за „А1он“ откри дека е понудена и недвижен имот, како гаранција дека нема да се даде во бегство, но таа била одбиена. Судот смета дека обвинителката Катерина Коларевиќ е во право кога посочува дека осомничениот може да се даде во бегство. Адвокатот Трајковски е изненаден од одлуката на судот за продолжување на притворот и најави жалба до Апелација

„Не знам кои се причините, според мене нема причини за продолжување на мерката. Денеска попладне го добивме решението. Имаме 48 часа да поднесеме жалба, истото ќе го направиме во текот на утрешниот ден. Двата основи за определување на оваа мерка се паднати, бидејќи осомничениот е сослушан, сослушан е и единствениот сведок, вработен во Царина, кој нема допирни точки со предметот“, кажа Трајковски за „А1он“.

Бранителот на Зеќири вели дека гаранцијата која Зеќири ја понудил била во имот вреден од прилика 280 илјади евра.

„Ги има сите материјални докази, одлуки од Влада, докази до Обвинителство во предистражна постапка, елаборатот кој е направен. Кога имате материјални докази и се е спремно, не знам зошто се продолжува мерката. Мислам дека хрватските државјани не се во Македонија, за пуштена е потерница како што дознав од медиумите, се можна причина за ваквата одлука. Меѓутоа и јас сум изненаден“, додава Трајковски.

„А1он“ веќе објави дека Зеќири негирал вина во предметот каде се гони дека склучил договор за консултантски услуги со фирма без спроведена јавна набавка, со што според обвинителката го оштетил буџетот. Освен Зеќири, осомничени во случајот се двајца хрватски државјани. Тие се недостапни за органите на прогонот и за нив е распишана локална и меѓународна потерница.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.
„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.
Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

Би можело да ве интересира

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни

Ана Ололовска