Судот не дозволи одложување на ТНТ за Јанакиески да оди на седница за укинување на притворот

Од:

Судот не му дозволи на Миле Јанакиески да оди на јавна седница во Апелацискиот суд, кој пак треба да донесе одлука за укинување за притворот кој му е одреден за предметот „Шпански скали“.

Судијата Огнен Ставрев дозволи само неговиот адвокат Еленко Миланов да присуствува на седницата.

„За ова има само еден збор ‘Греота е’“, прокоментира адвокатот Димитар Дангов.

Јанакиески е веќе 15 месеци во притвор, а бара да се брани од слобода бидејќи веќе е поднесен обвинителен акт, кој е на оценка во судот за тоа дали ќе биде прифатен или не.

Судијата Ставрев претходно посочи дека нема да дава паузи и дека ако треба судењето ќе трае до осум навечер.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска