Судот му ја прифати гаранцијата на обвинетиот Душко Лазаров за да излезе од притвор

Од:

Судиите од кривичниот суд од одделението за гонење организиран криминал и корупција го прифатија предлогот на адвокатот на Душко Лазаров, обвинет за крвавиот четврток, да се брани од слобода со гаранција во недвижен имот.

Советот донел решение со кое за обвинетиот Душко Лазаров го прифатил предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција со кое решение по правосилноста и запишување на гаранцијата во катастар, мерката притвор се укинува, а дополнително се определуваат и мерки за претпазливост. Привремено му е одземен пасошот и тој треба да се јавува кај службено лице во судот.

За обвинетиот Митко Пешов судот не го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и замена за куќен притвор со прифаќање гаранција. Против овие решенија адвокатите може да поднесат жалба преку до Апелациониот суд во Скопје. Скопска Апелација не го прифатила решението на кривичниот суд за гаранција за Горан Ѓошевски и за Оливер Поповски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски