Судот ќе сослушува сведоци на судењето за обидот за убиство на Зијадин Села

Од:

За денеска во кривичниот суд е закажано рочиште во предметот за обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села. Поканети да сведочат се претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски. Овие сведоци, покрај исказот, би требало да препознаат и дел од обвинетите кои го претепаа Села. Тие беа присутни во прес-салата каде што се случи крвавиот настан. Како што објави „Макфакс“, и премиерот Зоран Заев е повикан како сведок на судењето за обидот за убиство на Зијадин Села.

Предлогот дошол од еден од адвокатите на одбраната по дел од изјавите на Заев дадени во јавноста и медиумите за овој настан кој се случи на 27 април 2017 година во законодавниот дом. Судијката Славица Андреевска, која го води предметот, за месецов закажа 5 рочишта кои, покрај денешното, ќе се одржат на 16, 18, 25 и 27 април.

Пред кривичниот суд досега за крвавиот четврток во Собранието сведочеа неколку сведоци, меѓу кои и Села, а на последното рочиште новинарка препозна неколкумина од напаѓачите, посочувајќи ги директно во судницата. За овој случај обвинети се вкупно десетмина и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Села ќе формира нова партија „Албански сојуз“

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски