„Судот ќе ги одбие доказите, за ‘ТНТ’ да заврши до крај на 2021“, адвокат со допис до судот по средба со Рустеми

Од:

Допис со обвинувања дека постои договор меѓу обвинителот Бурим Рустеми и Кривичниот суд, пресуди за предметите кој тој ги застапува да има до средината на декември е доставен до претседателот Иван Џолев, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески и странски амбасади, дознава „А1он“.

Според неофицијални информации, во дописот испратен од адвокатот Мерџан Даути, бранител на Елисалвета Најдовска обвинета во „ТНТ“, пишува дека за пресудата да биде донесена побрзо, обвинителот Рустеми на средба со бранителот му посочил дека ќе предложи на судечкиот совет да ги одбие сите докази на одбраната и тоа ќе биде прифатено. За овие обвинувања, обвинителот Рустеми за „А1он“ вели дека имало средба и се разговарало за доказите, но не и дека тие ќе бидат одбиени од судот.

Според извори на „А1он“, во дел од текстот доставен до повеќе институции, стои: „Во текот на состанокот од јавниот обвинител ми беше понудена условна казна за мојот клиент на што јас одговорив дека мојот клиент не е виновен за ништо. На тоа тој истакна дека поради тоа што не е крива за ништо, нуди условна казна. На прашање како може да гарантира условна казна кога согласно законите, судот, а не обвинителството носи одлуки, ми кажа дека тој ќе среди“. Во останатиот дел се додава и: „Околу доказите по кои треба да се изјасни обвинителот, тој ме информираше дека ќе даде предлог сите да се одбијат бидејќи не можел да дозволи постапката  се уште да трае и морало да се заврши до крај на 2021 година и дека тоа ќе биде прифатено од судот“.

Обвинителот Рустеми, пак, во изјава за „А1он“ вели дека не тврдел дека обвинетата ќе добие условна казна, туку дека би ценел ако даде исказ кој ќе помогне во постапката согласно обвинението, бидејќи таа немала интерес, туку само извршувала. Но, судот, ќе донесе одлука.

„Мене не ми е проблем судот да донесе и условна казна, можеби и нема да се жалам, во тој контекст беше. Се видов со него, дојде во канцеларија. Треба да се произнесеме за дополнителните докази кои се поднесуваат, во тек на постапка, и побара ако може да ги поддржам неговите докази. Јас му кажав дека не можам, бидејќи сметам дека нема потреба да се изнесат дополнителни докази, имајќи во предвид и на тоа колку време помина и така натаму. Јас не можам да понудам условна казна, јас можам да ценам, да речеме кога одбраната ќе се произнесе, односно кога обвинетите ќе дадат изјави, ако по мене даде исказ кој што е реален во смисла на ситуацијата, можам да ценам како околност поволна за кога судот ќе изрече евентуална казна. Не можам да гарантирам дека судот не може да го казни. Имаше разговор за условна казна во тек на истрага. Јас само кажав дека ќе го ценам тој момент, ако го потврди тоа што го кажав јас. Не е мое да гарантирам ништо. Јас можам да кажам дека не би се жалел на некоја пониска казна. Таа е само извршител на нивните одлуки, ако го признае тоа, истото ќе помогне многу во докажувањето“, рече Рустеми.

Случајот „ТНТ“ е во доказна постапка. Тој е за незаконското уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски се обвинети  поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски,  Елизабета Најдовска, Насе Ралев, Марика Зафировска и Александра Димитриева. Судењето кое беше во завршница, лани во јануари беше вратено на почеток откако по две години судење, поротничка си даде неотповиклива оставка.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов