Судот го одложи судењето за Мијалков, за да биде на јавната седница за притворот во Апелација

Од:

Адвокатите на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков вчера до судот поднеле барање за одлагање на денешното рочиште, за Мијалков да биде прустен на јавната седница за определениот притвор за пресудата во предметот „Титаник 2″. Обвинителот Трајче Пеливанов не беше против предлогот на адвокатите на Мијалков.

Мијалков беше притворен на 8 март, кога му беа изречени 3 години затвор.

Во предметот „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски. За истиот предмет, обвинети се уште шестмина вработени во УБК.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Следното рочиште за предметот закажано за наредната недела на 3 април.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски