Судот го казни вештакот на СЈО со 1500 евра

Од:

Судот на денешното рочиште го казни вештакот во предметот „Траекторија“, предложен од СЈО, Страхил Глигоровски, бидејќи иако уредно повикан не дојде на денешното рочиште за да биде испрашуван.

Судијата Горан Бошевски рече дека поради неговото неприсуство на судењето за кое знаел од претходното рочиште се казнува со сума од 1500 евра. Глигоровски на претходното рочиште се изјаснил дека е неподготвен да одговара на прашањата.

Следното рочиште е закажано за 13 ноември. Предметот е во фаза на доказна постапка.

Во „Траекторија“ обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и ексвицепемиерот Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, дека ја злоупотребиле службаната должност за тендерот за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Обвинети се земање провизии и направена штета на буџетот во вредност од 155 милиони евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов