Судот до вторник ќе чека Груевски доброволно да се јави во Шутка

Од:

Никола Груевски, наместо утре, во среда треба да се појави во Кривичниот суд. Судењето за предметот „Титаник“ на СЈО ќе продолжи на 14 ноември, бидејќи претходно бил договорен тој датум. Судниците во новата зграда на Кривичен се зафатени со предметите за „27 април“ и „Монструм“.

Со ова пропаѓа можноста, доколку претходно не го најдат судските курири, утре да му го врачат конечното решение за издржување на двегодишната затворска казна.

Веќе во вторник, судот доколку заклучи дека Груевски го одбегнува извршувањето на казната, може да донесе одлука тој присилно да биде спроведен во Шутка. Доколку не успеат да го пронајдат, судот распишува потерница.

Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, требаше да се пријави во петокот, но судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат во адресата на која е пријавено неговото живеалиште.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош