(ВИДЕО) Судијката Петровска: Тоа што ме има во „бомбите“, не ме дисквалификува да судам

Од:

Тоа што ме има во „бомбите“, не ме дисквалификува да судам, изјави судијката Лидија Петровска на завршната конференција на проектот „Набљудување судски предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата според новиот Закон за кривичната постапка“, што се одржува во Скопје.

На прашање дали ѝ е непријатно да седи до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, таа рече дека не ѝ е непријатно да седи до своите колеги.

Иако СЈО бараше нејзино изземање од нивните предмети, Петровска рече дека нема да се жали на новиот распоред според кој ќе суди стопански криминал.

Вчера новиот претседател Иван Џолев направи нов годишен распоред на судии во кривичниот суд. Повеќето од судијките што беа споменувани како „сваровски“ во прислушуваните материјали од тефтерчето на ексминистерката Гордана Јанкуловска, наместо предметите на СЈО, ќе судат во одделот за прекршоци. Тоа значи дека со измените некои предмети ќе почнат од почеток.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема