Судијка од „бомбите“ ќе одлучува за обвиненијата на СЈО

Од:

Обвиненијата кои СЈО ги испрати до Судот ќе паднат во рацете на судијките Татјана Михајловска и Лидија Петровска, потврдуваат од Кривичниот суд.

Имињата на овие две судијки не се непознати во јавноста. Татјана Михајловска е судијката која одреди 4,6 годишен затвор за новинарот Томислав Кежаровски за случајот „Ликвидација’, а името на судијката Лидија Петровска е име кое го слушнавме во „бомбите“ на опозицијата, за која гласот кој наликува на оној на еск министерката Гордана Јанкуловска проверуваше во тефтерчето кој ја предложил за судијка.

Двата предмета на Специјалното јавно обвинителство се изработени по скратена постапка и веднаш се доставени до Кривичниот суд.

Едниот предмет е за уништување на доказите со цел да се прикрие незаконското прислушување, а другиот е за кршењето во општина Центар, за кој најверојатно ќе бидат обвинети екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески.

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

(ВИДЕО) Претседател на турски клуб удри судија, се огласи Ердоган, првенството е откажано

Горан Наумовски

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Лога бара од Судски совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева затоа што го одбрани судијата Лазар Нанев

Орце Костов

Избрани осум судии за Апелациониот суд во Скопје: Извиси прворангираниот Лазар Нанев

Орце Костов