• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Судијата Бошевски не дозволи медиумите да го снимаат Груевски во судницата

by А1он04/09/2018 - 10:3204/09/2018 - 10:33248
Share0

Во Kривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Траекторија“. Судијата, Горан Бошевски кој претседава со советот не им дозволи на медиумите да направат снимки од обвинетите во судницата, иако за тоа се издадени уредни дозволи од Врховниот суд.

Добивај вести на вибер

На денешното рочиште во судот треба да бидат пуштени преостанатите бомби на Специјалното јавно обвинителство.

„Траекторија“ е предмет на СЈО, во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски за злоупотреби при изградбата на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Освен нив, во случајот е обвинет и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувањето. Обвинети се дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници ги пречекориле и искористиле своите овластувања, и со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155.117.172 евра.

Васко Маглешов

sjotraektorija

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Катерина Ѓуровски03/11/2023 - 11:20

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен