Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

Од:

Колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје денеска им дадоа поддршка на судските служеници, кои денеска од 09:30 до 11 часот протестираа пред судовите во државата.

– Тука сме заедно со судската управа на Кривичниот суд Скопје за да дадеме подршка на судските службеници. Сметаме дека заслужуваат повисоки плати и примања. Станува збор за едни од највредните службеници генерално во државата заедно со здравствените и просветните работници и во таа смисла сметам дека и судските работници треба да имаат, по разни основи, повисоки примања. Тие навистина имаат стресна работа, имаат многу работа и не гледам зошто не би ги поддржале. Не гледам проблем ниту во Судско буџетскиот совет и ние судиите и советот ги подржува судските службеници во нивните барања. Очигледно е дека во минатото платите се зголемувани и таа тенденција треба да продолжи, изјави судијата Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

И покрај протестот, како што информираа од Кривичниот суд, денеска се работи без застој и не е одложена ниту една главна расправа на притворски, итни или предмети со поголем број обвинети со цел да не дојде до непотребно одоговлекување на судењата.

Би можело да ве интересира

Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат поддршка од пратениците за повисоки плати

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски

Администрацијата од обвинителствата и од судовите на преговори во Владата

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори

Независниот синдикат на судска администрација бара преговори со Владата за зголемување на платите

Продолжуваат протестите на судската администрација