Судиите кои прифаќаа барања на СЈО прераспоредени, за бомбите ќе судат Панчевски, сопруга на функционер од ВМРО-ДПМНЕ и Лидија Петровска

Од:

В.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова направила прераспоредување на судиите. Судии кои долги години биле во Кривичниот суд Михајлова ги преместила во Судот за прекршоци, а судиите веќе добиле документ за прераспоредба.

Меѓу прераспоредените се и Весна Димишкова, судијка која даде наредба за претрес на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање, која е прераспоредена во одделот за малолетници, судијката Славица Андреева која ја замрзна сметката на фирмата Финзи и одреди притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, како и 13 судии кои се потпишаа на петицијата против екс претседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски.

Во Судот за прекршоци е преместена и судијката Оља Ристова која кажа дека Кривичниот совет е ненадлежен да одлучува дали незаконски прислушуваните материјали може да се користат како докази за постапките на СЈО.

Судија во одделот за организиран криминал, каде што се судат предметите на СЈО станува експретседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски, судијката Лидија Петровска чие име се споменува во бомбите на СДСМ, како и Моника Бахчовановска, сопруга на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Судиите на состанок за случајот со Панчевски

Виктор Јованов

ВИДЕО: Обвинетата од УБК со различни искази пред судот и пред СЈО

Наум Локоски

Судијката Петровска потврди: СЈО треба да ги добие снимките кои Михајлова не ги дава

Четворица од нередите во Собрание завршија во притвор

Ана Ололовска

Експертите реагираат: Недозволиво е в.д. претседател да прави годишен распоред на судии

Наум Локоски