Четворица од нередите во Собрание завршија во притвор

Од:

Кривичниот суд за четири лица кои уествуваа во нередите во Собранието одреди мерка притвор, на едно лице му определи мерка куќен притвор и на две лица мерки на претпазливост.

Предлогот, посочуваат од судот, се однесува на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик за кое е предвидена казна од една до пет години согласно законот, а со оглед на тоа што се работи за скратена постапка по новиот закон за кривична постапка во претходна постапка притворот може да трае најмногу до осум дена.

Досега пред судот се изнесени седум лица, од вкупно 14 кои се опфатени со мерката на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска