Експертите реагираат: Недозволиво е в.д. претседател да прави годишен распоред на судии

Од:

Правната експертска јавност е шокирана од веста за „чистката“ во Кривичниот суд.Вршителот на должност претседател на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова, донела нов годишен распоред на судии, според кој, судии, кои досега работеа на кривични предмети, се прераспоредени во одделот за прекршоци.

Како што коментира јавноста ова е со цел предметите на СЈО да не паднат в раце кај „непослушни” судии.

Експерти посочуваат дека Михајова е в.д. претседател, значи лице кое треба само да ја премости состојбата до избор на нов претседател со сите надлежности.

„Таа врз основа на поднесена програма не е назначена за вршител на должноста, и затоа не смее да врши ваков „упад“ во работата на судот“, велат правни експерти за А1ОН.

Посочуваат на одговорот од скопскиот Кривичен суд дека распоредот и преместувањата се право на претседателот на судот. Велат и од судот потврдуваат дека тоа може да го прави само претседател, а не и лице кое е привремен вршител на должност.

Шокирани се и одлуката на в.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова која исто направи нов годишен распоред на судии, според кој, таа, иако е избрана како граѓански судија во Врховниот суд, се распоредила во најважниот, Кривичниот совет на местото на , експретседателката Лидија Неделкова. Бајлозова ќе биде претседател на Кривичниот совет, а Неделкова е прераспределена како член во одделот за судење во разумен рок.

Инаку, Скопскиот суд 1 е надлежен за процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство, а за барањата за заштита на законитоста на постапките во врска со истрагите што ги води СЈО, ќе одлучува Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ