Судиите кои го опструираат СЈО, наскоро пред суд

Од:

Како што дознава Дојче веле, собрани се докази за лица во судството кои преку налози до судиите спроведувале политички нарачки, со цел да заштитат некои од осомничените во предметите на СЈО.

Разни докази за притисоци врз судии со наложување како да постапуваат по барањата на Специјалното јавно обвинителство, наскоро ќе посведочат кој и како ја опструирал неговата работата и како го компромитирал судот. Како што дознава Дојче веле, меѓу доказите имало дури и писмени инструкции, во кои било наведено како треба да гласи судската одлука. Според информациите, дефинитивно се стега обрачот околу лица во судството, кои наместо да се залагаат за независно постапување на судиите, најдиректно спроведувале политички нарачки, со цел да заштитат некои од лицата осомничени во предметите на СЈО.

„Не мора да сте судија, за да знаете што се случува во однос на некои предмети, a во кои се инволвирани звучни имиња. Некои одлуки целосно ги демаскираат состојбите и навестуваат ‘од каде дувал ветрот’. Но, не ќе може до бесконечност да се вршат такви влијанија. Веројатно, ова се последните грчевити обиди за нечија заштита и за купување време, односно пролонгирање на состојбите“, велат во судски кругови. Тие немаат дилема по прашањето од која „адреса“ во Судот доаѓаат налозите и притисоците.

Температурата“ најмногу ја крена одлуката на Кривичниот суд да го одбие барањето на СЈО за мерка притвор за началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, како и мерките за претпазливост за другите четворица осомничени во предметот „Тврдина“, пишува Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО