Обвинетите за настаните од 27 април, Александар Василевски Ниџа и Никола Митровски Кољо и Горначе Ангелов Ќосето остануваат во притвор, потврдија од скопска Апелација за „Макфакс“.
Судиите од второстепениот суд не им ги прифатиле жалбите за да се баранат од слобода и ги потврдиле решенијата на кривичниот суд.
Нинџа пред судиите во скопска Апелација образложи дека имал семејни причини, поради кои, беше недостапен на органите на прогонот и дека во моментот кога добил дете требало да биде уапсен. Половина година откако МВР по него распиша потерница , Нинџа ѝ се предаде на полицијата и заврши во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Никола Митровски Кољо на јавната седница во скопска Апелација рече дека чувствува вина што за време на „крвавиот четврток” влегол во Собранието и дополни дека ако обвинителката има цврсти докази, тој е подготвен да одговара за тоа што го направил.
Обвинетите Ниџа, Кољо и Ќосето се дел од 33 обвинети на кои им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање.
Васко Маглешов