Судиите и членовите на Судскиот совет ќе добијат повисока ноемвриска плата за 35%

Од:

Судскиот буџетски совет на денешната седница донел одлука судиите и членовите на Судскиот совет да го добијат предвиденото 35% покачување на платите предвидено како додаток на плата. Со буџетот на судската власт за 2018 година биле обезбедни средства за судиите и членовите на Судскиот совет.

Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани реагираа за ваквата одлука и ја оценија како срамна, бидејќи, како што информираа, Судскиот буџетски совет требало да донесе одлука да им се вратат парите на вработените од судовите кои во 2016 година незаконски биле одземени за време на штрајкот во судовите лично од него.

„Денес Судскиот буџетски совет ја донесе најсрамната Одлука во историјата на судството во Р. Македонија. Судскиот буџетски совет донесе одлука за исплата на додатоци на плата за судиите во износ од 35% со што судиите ќе добијат зголемување за 21.000 денари, што ќе биде повисоко за 85% од редовните плати кои ги добиваат вработените во судската служба. Судскиот буџетски совет на чело со Претседателот Зоран Караџовски денес требаше да донесе одлука да се вратат парите на вработените од судовите кои во 2016 година незаконски беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него“, пишува во реакцијата.

За Синдикатот на УПОЗ ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на суските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите. Од овие причини Синдикатот на УПОЗ побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и комплетниот состав на Судскиот буџетски совет, заради, непоседување на морални вредности и предизвикување на состојба на хаос во судството.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски