Судии од кривичен оставија лице со инфаркт во притвор – лекови можел да пие и таму

Од:

Судиите Васка Николовска-Масевска, Горан Бошевски и Софче Гаврилова-Ефремова, како членови на кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, ја одбија жалбата на адвокатот на осомничениот Басри Ибраими од Тетово, неговиот клиент кој доживеа инфаркт, поради влошената здравствена состојба, наместо во Шуто Оризари, да добие куќен притвор.

Како што објави „Макфакс“ на 15 мај на oсомничениот Басри Ибраими од Тетово му се слошило во затворот „Скопје“, каде што ја издржува мерката притвор. Ден подоцна, откако лекарите му констатитрале инфаркт, на универзитетската Клиника за кардиологија му била извршена интервенција коронографија и му бил вграден стент.

Поради неажурноста на институциите, притвореникот со вграден стент над 2 недели лежи во затворот во Шуто Оризари зашто Клиниката и управата на затворот не можеа да ја обезбедат медицинската документација за судот да го разгледа барањето на неговиот адвокат и да го пушти од притвор.

Кога документацијата беше обезбедена, сепак кривичниот совет одлучи дека барањето на притвореникот за друга мерка треба да биде одбиено, имајќи ја предвид природата на кривичното дело, степенот на кривичната одговорност и видот на казната која му се заканува, како и можноста од изрекување ефективна казна затвор.

Судиите навеле дека при донесувањето на одлуката ја имале предвид здравствената состојба на притвореникот, но во решението напишале дека ако лицето има потреба од медицинска помош ќе му биде укажана во секое време. Во решението пишува и дека Клиниката за кардиологија во отпустното писмо констатирала оти пациентот е во стабилна општа состојба со пропишана таблетарна терпаија, која според судиите, притвореникот може да ја прима и во затворот.

За одлуката на судот претставка е поднесена до народниот правобранител и до Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Маргарита Цаца Николовска, судијка на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права, за „Макфакс“ изјави дека решението за определување мерка притвор мора да биде крајно индивидуализирно и конкретизирано со наведување на аргументите поради кои се определува таа мерка, а не само со препишување на законските основи. „Секој притвор мора да биде образложен со аргументи, а не само со препишување на законскиот текст“, изјави Николовска за „Макфакс“.

Во Законот за кривична постапка пишува дека при одлучувањето која од наведените мерки судот ќе ја примени, надлежниот орган ќе води сметка да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка. Судот мора да води сметка за притворот на осомничените и обвинети лица за времето додека се таму, бидејќи тој е гаранторот на почитувањето на законските прописи, а во конкретниот случај, донесува одлуки кои се директно на штета на здрајвето на притворените лица.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он