Судии од Кривичен ги поддржуваат барањата на УПОЗ за зголемувањето на платите на судските службеници

Од:

Колегиумот на судии и подружницата на Здружението на судии од Основниот суд Скопје 1 ги поддржа барањата на судските службеници за зголемување на платите и додатоците на плата.

– Подружницата на Основниот суд Скопје 1-Скопје ги поддржува ваквите барања од причина што смета дека платите и додатоците треба да претставуваат мотив за судските службеници за поквалитетно извршување на нивните работни обврски со оглед истите да претставуваат значајна алка во процесот на работа во судовите, се наведува во соопштението испратено до медиумите.

Синдикатот на УПОЗ бара и судските службеници да добиваат 35 проценти на додатоците за плата и да им се вратат задржаните пари за време на штрајкот во 2016 година. Нивните реакции уследија откако Судскиот буџетски совет донесе одлука со која на судиите им се зголемуваат додатоците на плати за 35 проценти. Поради тоа, Синдикатот на УПОЗ побара оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски и се закани со организирање штрајк. Побараа и средба со премиерот Зоран Заев која очекуваат да се реализира до вторник.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Кривичен суд: Куќен притвор и одземена патната исправа за апелацискиот судија Ѓоко Ристов

А1он