Судењето за „Траекторија” закажано за 6. декември

Од:

Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, ќе почне на 6. декември, Кривичниот суд, кој на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за случајот, дал и два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември, потврдија за МИА од СЈО.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска