Судењето за „Траекторија“ продолжува на 10 мај

Од:

Со изведување на материјални докази денеска во Кривичниот суд во Скопје се одржа рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО ја изведоа документацијата од консултантските услуги за концесија на патишта со наплата на патарина, меѓу другото составена од финансиски извештај и правна рамка за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Имено на денешното рочиште, обвинителството приложи докази, односно документи кои биле изготвени за фирмата изведувач, при што се пронаjдени грашки во преводот кои се однесуваат на сумите за изведба на одредени градежни работи, гарантот на сумите и во однос на тоа за кој автопат станува збор во конкретниот документ.

Судијата Горан Бошевски побара да се испрати покана до тројца вештаци, посочувајќи дека судењето, на 10 мај, продолжува со нивни искази.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русковска: Не би барала притвор за Јанева ако немав доволно докази

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Полицијата ја спроведе Јанева низ гаражата на СЈО

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Обвинител од СЈО ќе ја замени уапсената Катица Јанева

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Од „Рекет“ Катица Јанева ќарила мебел од 5 илјади евра

Мери Јордановска

Советот на обвинителите не може да назначи в.д. – Кој ќе ја замени Јанева по истекот на мандатот?

Галена Николовска-Ризвановиќ

Судењето за „ТНТ“ продолжува на 30 август

Ана Ололовска