А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судењето за „Траекторија“ одложено за 3-ти септември

by А1он10/07/2019 - 10:5310/07/2019 - 12:41552
Share0

Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи на 3-ти септември, поради отсуство на вешто лице.

Добивај вести на вибер

Судијата Горан Бошевски посочи дека вештакот ја известил јавноста но не го известил Судот дека е на одмор.

Лиле Стефановска од СЈО, рече дека вештакот ги известил и не знае зошто не го информирал Судот.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

sjotraektorija

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Катерина Ѓуровски03/11/2023 - 11:20

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто