Судењето за „Талир“ одложено за 19. март

Од:

Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се одложува за 19 март.

На денешното рочиште не беше присутен Наум Стоилковски, претставникот на обвинетото за кој судот информираше дека е уредно повикан.

– Судот констатира дека заради отсуство на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ главната расправа се има одложено повеќе пати и затоа го опоменува. Судот го задолжува претставникот да ги надомести трошоците за оваа главна расправа, изјави судијата Османи Шабани.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристоска.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. Чингаровска призна вина и се спогоди со обвинителството, за што доби условна казна од две години.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Јовески ѝ го делегира предметот „Талир 2“ на Ленче Ристоска

Васко Маглешов

Почнува судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ

Васко Маглешов

Не дојдоа адвокатите на ВМРО-ДПМНЕ и на Илија Димовски – судијата ги опомена дека нема да толерира нови одлагања

Сандра Бошковска