Судењето за организаторите на настаните од 27 април продолжува на 26 август

Од:

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, ќе продолжи на 26 август, откако на денешното рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази.

Поранешниот собраниски спикер Трајко Ваљановски читаше делови од записници на собраниски комисии, координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието, кои ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа.

Одбраната на Вељановски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Судот на почетокот на денешното рочиште го прифати барањето на одбраната за сослушување на Маријан Стоилковски – началник на дигитална форензика во МВР за време на изготвување на вештачењата на мобилните телефони, но не го прифати барањето за нивно издвојување од листата на докази.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Би можело да ве интересира

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта