Судењето за нападот врз Села ќе продолжи на годишнината од случувањата во Собранието

Од:

Видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април, ќе се гледаат на денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Кривичниот суд, точно една година по случувањата во Собранието на Република Македонија.

На минатото рочиште Обвинителството побара повлекување на некои слики и снимки од листата на предложени докази поради нивно повторување по содржина со други докази и предложи интервали кои би се гледале, со цел економичност на судскиот процес. Во однос на повлекувањето, одбраната ќе може пред почетокот на денешното рочиште да побара зголемување на интервалите или целосно пуштање на некои од снимките.

Адвокатот на Зијадин Села кажа дека тој се наоѓа во САД и целата медицинска документација оттаму ја имаат побарано за испитувањата кои треба да ги прави. – Рентген снимките се со него и тој не е во Македонија. Го известувам Судот дека нема да може да ги врати до следното рочиште, кажа адвокатот.

Одбраната даде согласност со оглед дека нема дополнителна документација, медицинската документација да не се чита одделно и само да се заведе во записник.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат