Судењето за 27 април одложено поради некоординираност на судот

Од:

Обвинетиот Мунир Пепиќ не се појави на денешното судење за „крвавиот четврток“ поради што беше одложено денешното рочиште за случајот на кое требаше да бидат презентирани материјални докази на прво и второобвинетите пратеници Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

Како што наведе претседателот на судечкиот совет, Добрила Кацарска, причина за неприсутноста на Пепиќ е рочиштето за случајот „Титаник“ кое денеска е закажано во исто време како и судењето за 27 април.

– Со оглед дека обвинетиот Мунир Пепиќ се наоѓа во друга судница, истиот не е спроведен тука, иако термините за овој случај се закажани уште во септември. Поради некоординираност во судот се случи во ист ден, во ист термин, да се суди и друг предмет, каде како обвинет се наоѓа Мунир Пепиќ, а тоа е предметот познат во јавноста како „Титаник“, рече Кацарска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава