Судење за „Меѓународен сојуз“: Се изведуваат материјални докази од Обвинителството

Од:

Со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Обвинителството презентира материјални докази од Управата за финансиско разузнавање, за банкарските сметки и реализираните трансакции на обвинетите во периодот на интерес за случајот.

Одбраната реагираше на начинот на изведувањето на овие докази, како и дека некои од нив немаат сметки во некои од посочените банки или во однос на направените трансакции.

Потоа беа презентирани и документи од УЈП и Централен регистар за здружението „Меѓународен сојуз”.

На почетокот на денешното рочиште, Бојан Јовановски побара изземање на обвинителката Вилма Русковска и произнесување од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој е застапник на обвинението со оглед на тоа, како што рече, споменатата обвинителка не се појавува и од рочиште на рочиште се менуваат обвинителите.

– Ова барање ќе го аргументирам поради тоа што Вилма Русковска не се појавува, не знаеме зошто, точно е дека може да прави свои замени според хиерархијата, но го молам републичкиот обвинител да одреди кој точно е застапник за да знаеме кој се обидува да го докаже обвинението кое е на стаклени нозе, рече Јовановски.

Судот, посочи дека барањето ќе биде проследено до Јавното обвинителство по завршување на денешното рочиште.

– Со оглед дека барањето за изземање не се однесува на причините од ставот 1 од членот 33 од ЗКП, туку на став 2 од истиот член, денешното рочиште ќе се одржи, а по завршување на истото барањето ќе биде проследено до надлежниот јавен обвинител за одлучување, изјави судијката Софче Гаврилова Ефремовска.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Трајчева е незадоволна што Ременски е ослободена во “Меѓународен сојуз”, ќе се жали на Апелација

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски: Ова беше долг и измачувачки процес за мене

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Умре правдата, пресудата е одмазничка

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма при изрекување на пресудата, Боки 13: Оваа пресуда е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува, не казнуваш ти

Кристијан Ландов