Судењата за Ласкарци и Тортура се одлагаат, информираат од Кривичен суд

Од:

Основниот кривичен суд Скопје, ги известува медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи за предметот поврзан со автобуската несреќа кај села Ласкарци и предметот во јавноста познат како „Тортура“, дека расправите насрочени за 30 март и втори април се одлагаат.

– Предметот К.бр. 1407/17 се одлага заради изолација и позитивен Ковид – тест на член на судечкиот совет и еден од бранителите, а следната расправа е насрочена за 20.04.2021 год. додека предметот К.бр. 1959/17 се одлага со оглед дека е доставено известување од еден од обвинетите дека е позитивен на Ковид – тест и се наоѓа во изолација. Следната расправа за овој предмет е насрочена за 15.04.2021 годинаа, а за евентуални промени во термините, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Газдата на „Дурмо Турс“ уште еднаш го одложи одењето во затвор, повторно ќе оперира тестиси

Катерина Ѓуровски

Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“, бараат пратениците од власта

Катерина Ѓуровски

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски