Судбината на „Комунална хигиена“ е во рацете на Арсовска: Градоналниците попусто ќе бараат одземање на ингеренциите

Од:

Градоначалниците на скопските општини денеска ќе се сретнат за да донесат решение како да го исчистат Скопје, а една од најавите е дека ќе се бара начин за одземање на ингеренциите.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски најави дека ќе се разговара за одземање на надлежностите на ЈП „Комунална хигиена“, а истото синоќа го најавија и неговите колеги од општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски од Аеродром.

Ѓорѓиевски рече дека ќе бараат планско решение преку Скопски плански регион, но ниту ова тело ниту ЗЕЛС немаат законска можност да му одземат ингеренциите, ниту самите да ја разрешат директорката Косана Мазнева.

На денешната итна седница Советот на Скопскиот плански регион Градот Скопје да ја разгледа и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање.

Владата не може да интервенира преку одземање на ингеренциите на претпријатието, затоа што ЈП „Комунална хигиена“ е основано од Град Скопје, а не од Владата или Собранието.

Некои министри одземаа ингеренции на градоначалници во последно време во некои општини, но се работеше за мерки во училишта или градинки кои како институции се формирани од надлежите министерства.

За судбината на ова претпријатие во Скопје може да реши единствено градоначалничката Данела Арсовска.

Работниците од „Комунална Хигиена“ во Скопје започнаа да протестираат во саботата пред просториите на претпријатието поради отпуштањето на десетици нивни колеги, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Тие одбиваат да го соберат сметот додека не се исполнат нивните барања.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по состанокот на градскиот кризен штаб, обвини дека дел од вработените повеќе дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Сепак таа додава дека чистење на отпадот се враќа во нормала.
„Вчера ниту институциите не успеаја да ја прекинат незаконската блокада на претпријатието. Ова е уште еден знак дека во Македонија не функционира правната држава. Од овие причини веднаш е ставен во функција кризен штаб од скопските јавни претпријатија кој има за цел да ја одржува хигиената во главниот град кои се излезени на терен и активно чистат. Јавното претпријатие Комунална хигиена веќе се враќа во нормала, функционира смената се надеваме дека веќе од утре ќе работи со целосен капацитет“, рече Арсовска.
Според неа проблемот го направиле лица во јавното претпријатие кои повеќе од 15 години работеле само трета смена, спротивно на Законот. Арсовска посочи дека поголемиот дел од овие вработени воопшто не се појавувале на работа и дека токму тие ја блокираат работата на комуналното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација