Студентски отпор: За патни трошоци за пратеници има, за исплата на студентски оброк нема

Од:

Три месеци откако беше договорено да се добива субвенциониран студентски оброк по ланските критериуми се додека не се донесе нов закон, студенти од Битола останале без средствата за оброк.

Студентите од Педагошкиот Факултет во Битола поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, тврдат од Студентскиот Отпор.

„До нас пристигнаа голем број на поплаки во изминатиов период во однос на на овој проблем кој според нашите дојави е настанат од неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти.

Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства.

Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема“, велат од Студентски отпор и повикуваат министерот за образование Јетон Шаќири, да си поднесе неотповиклива оставка.

Би можело да ве интересира

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

A1on

Студентски отпор: Притисоци и закани кон студентите на филозофскиот факултет поради политичките превирања за избор на нов декан

Студентски отпор: Луѓето на средбата со ВМРО-ДПМНЕ не се наши членови туку од подмладокот на таа партија

Ана Ололовска

„Студентски отпор“ не се согласува со предлогот за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк

Ана Ололовска

Студентски отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Ана Ололовска

Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Ана Ололовска